Возрасни групи
ЈОУДГ "Ацо караманов"
радовиш
Во нашата градинка децата се распоредени во возрасни групи според нивниот развој и потреби. Секоја група има специфична програма која преку игра, учење и грижа го поддржува природниот раст и развој на детето.
Јаслена група
(8 месеци - 2 години)
Адаптација и грижа, рутини за спиење и хранење, сензорни игри во безбедна и топла средина.
Прва мала група
(2 - 3 години)
Развој на говор и самостојност преку игра и активности, музика, движење и стекнување здрави навики.
Втора мала група
(3 - 4 години)
Поголема соработка во група, креативни работилници и активности за фина моторика и концентрација.
Средна група
(4 - 5 години)
Развој на емоционална писменост, еколошка свест, јазично изразување и слободна игра.
Голема група
(5 - 6 години)
Систематска предучилишна подготовка: тимска работа, одговорност и самодоверба.
Хетерогена група
(2 - 6 години)
Тимска работа, развој на самостојност преку игра и активности.
