Упис и документи
ЈОУДГ "Ацо караманов"
радовиш
Одлука на совет
Со одлука на Совет, од јуни 2025 година, месечната партиципација изнесува 2000 денари по дете (наместо досегашните 1490 денари).
Јаслени групи
Децата кои се згрижени во јаслените групи носат пелени и влажни марамчиња.
Потрошен материјал
На почетокот на септември, секое дете носи потрошен материјал од дома, определен од стручниот тим на градинката, прилагоден според возраста на детето.
Сите деца
Секое дете, независно од групата, треба да има:
- резервна облека (по потреба и повеќе комплети),
- сопствено шише со вода.
Упис на деца во детската градинка
За да се обезбеди квалитетна и безбедна грижа за секое дете, при запишување во градинката потребно е родителите/старателите да достават одредени документи. Овие документи служат за правилна евиденција, информирање на стручниот тим и исполнување на законските обврски.
При поднесување на барањето за упис, родителите се должни да обезбедат целосна и точна документација, со што се овозможува детето навремено и без пречки да биде вклучено во воспитно-образовниот процес.
Потребни документи за запишување на детето се:
-
Извод од матична книга на родени (на увид)
-
Потврда за примени вакцини
-
Досие за детето (се набавува од книжара)
-
Потврда за здравствената состојба и психофизичкиот развој
